Екстерната батерија на Тесла веќе распродадена

од desk2
85 прегледи

Компанијата Тесла зад себе има плодна недела кога ги претстави електричниот автомобил и камион, па една ситница остана во сенка.

Се работи за екстерна батерија која може со microUSB приклучок да полни iPhone, iPad и други уреди. Тоа е батерија со 3.350 mAh, која има облик на минијатурниот Supercharger споменик на Тесла во дизајнерското студио на компанијата.

Цената на батеријата е 45 долари, но веќе е распродадена.

Компанијата понуди и декстоп Supercharger, кој исто така има USB влез за приклучување на каков било кабел за полнење. И тој чини 45 долари и есто така, е распродаден.