Екстерното ги стави под притисок учениците, родителите и наставниците

од Vladimir Zorba
И покрај силните критики на учениците родителите и наставниците екстерното тестирање и оваа година се реализира по стариот концепт.
eksterno-testiranje-janev1
Единиците ќе останат во сведителствата, резултатите за минатогодишното тестирање доцнат, казните и наградите беа ставени во мирување. Ова според дел од професорите се најголемите нелогичности на реформата за кои преку протести реагираа минатата година. Учениците и професорите се под притисок дали оценката ќе се совпадне со онаа од редовната настава.
Дел од наставниот кадар пак смета дека проектот е добар и треба да продолжи. Според нив притисокот за екстерното тестирање го прават родителите, екстерното тестирање велат тие е проверка на веќе стекнатото знаење.
Екстерното тестирање се воведе пред пет години но остана една од најкритикуваните реформи поради нефункционалниот и стар компјутерски систем. Иако екс министерот Адеми најави нов концепт на екстерното со сите засегнати страни реформата остана во втор план поради политичките настани./24 Вести

Слични содржини