Екстракт од стар лук против срцеви болести

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Додадениот екстракт од стар лук го ограничува формирањето на плаки во артериите и развојот на срцеви болести, покажуваат резултатите од новото истражување.0ae462d8919573ddda931bc3214881b7

Научниците од Институтот за биомедицински истражувања кон Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес уверија дека кај луѓето кои секојдневно ги внесуваат односните адитиви, формирањето на плаки во артериите значително се намалува.

Истражувањето опфатило 55 пациенти на возраст меѓу 40 и 75 години, кои се дијагностицирани со метаболен синдром и неодамна беа погодени од срцево заболување.

Научниците ги истражувале калциумовите депозити и формираните плаки во артериите на учесниците, кои потоа секојдневно земале 2400-милиграмска доза екстракт од стар лук или плацебо.

Една година подоцна се покажало дека кај учесниците кои земале суплемент од лук, акумулацијата на плаки во артериите се одложила за 80 отсто, а количеството постоечки плакети е намалено.

“Добиените резултати се уште еден доказ за корисноста на овие адитиви за намалување на акумулираните количество плочи и за спречување на ризикот од формирање на нови плаки во артериите”, изјави д-р Метју Будоф од институтот.

Резултатите се слични со оние од претходните истражувања кои открија дека свежо пресечените лукчиња имаат позитивен ефект врз протокот на крв, а маслото од лук може да спречи форма на срцево заболување кај дијабетичарите.

Авторите на истражувањето освен тоа потсетуваат дека екстрактот од стар лук го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол. Резултатите од истражувањето се објавени во Journal of Nutrition.