Екстремно опасен загаден воздух во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Вчера како и изминатите денови Скопје беше дел од најзагадените градови во светот.

Според IQCare, последните десет дена главниот град нa Македонија неколку пати се најде рангиран меѓу најзагадените градови во светот.

Во центарот на Скопје вчера беа измерени 493 микрограми ПМ10 честички. Во Визбегово измерени се 436 мг на м3, а во Кисела Вода дури 653 мг на м3.

Деновиве во скопската котлина се задржа и густа магла која дополнително ја влоши состојбата со загадувањето.

Институтот за јавно здравјe ИЈЗ објави препораки поради загадувањето на воздухот низ градовите во Македонија, бидејќи во многу градови има високи нивоа на аерозагадување.

Според здравствените работници најпогодени од ваквото време се хронично болните и децата, барем според повиците кои ги добила итната медицинска помош.

Слични содржини