Младиот фудбалер на Арсенал Ектор Бејерин не мирува на љубовниот фронт и има нова девојка – ѕвездата од Боливуд Еша Гупта.
Бејерин и Гупта се во доста интимни односи, а за тоа говорат фотографиите на папараците кои ги следат.

Индиската убавица, која е истовремено модел и актерка од пред речиси еден месец излегува со јуниорот на Барселона.
Гласините за врска меѓу двајцата беа потврдени по победата на Арсенал над Челзи (3: 0), кога Бејерин и Гупта беа пресретнати како вечераат заедно во елитен лондонски ресторан. Малку пред полноќ двајцата го напуштија локалот со автомобилот на Бејерин во непознат правец.
Hector Bellerin goes on dinner date with Bollywood star and huge Arsenal fan https://t.co/rLLqG8tcyk pic.twitter.com/vhuq2PgxDr
— MailOnline Sport (@MailSport) September 28, 2016