Еквадор: Ослободени сите затворски службеници држени како заложници во затворите

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Ослободени се сите 178 затворски службеници кои беа држени како заложници од осуденици во седум еквадорски затвори, соопшти денеска Агенцијата за спроведување на затворските санкции на Еквадор (СНАИ).

Затворениците држат како заложници 158 чувари и 20 административни службеници од понеделникот, по зголеменото насилство во јужноамериканската земја, наведува Ројтерс.

Еквадор се бори со безбедносна криза која се влоши оваа недела, кога маскирани вооружени лица нападнаа ТВ станица, а затворениците ги заробија затворските службеници.

Слични содржини