Холивудската мега ѕвезда Елајџа Вуд, човекот што веројатно најмногу го препознавате по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom.

Елајџа Вуд е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак Коуви, патуваат ширум светот и прават одлични забави. Посетата на Скопје нема да биде искористена за панорамски прошетки и сликање со монументалните дела на Македонија, туку доаѓа подготвен да го заработи својот хонорар како музичар и ќе пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали и денс њувејв за шизење од 80-те.
Бујрум. Дојдете. Ве чекаме на музика за размрдување.