Електорите потврдија: Бајден е нов претседател на САД

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Победата на избраниот претседател, демократот Џо Бајден, беше потврдена со гласовите на електорите на американските сојузни држави.

Бајден собра 270 гласови потребни за победа.

Имено, беа дадени 534 од вкупно 538 гласови на електорите, а Бајден има мнозинство од 302.

Според Си-Ен-Ен, Бајден зел гласови од 25 сојузни држави заедно со Градот Вашингтон, а веќе поранешниот претседател Доналд Трамп зел гласови исто така од 25 сојузни држави.

На демократскиот претседател му помогнаа избирачите од Калифорнија за да го надмине прагот од 270 гласа.

Трамп пак вечерва објави на Твитер дека неговиот државен обвинител, Вилијам Бар ќе ја „напушти“ Белата куќа „непосредно пред Божиќ“.