Eлектричниот “Цитроен Берлинго” може да помине 170 километри

од desk2
114 прегледи

По 20 години продажбата на разни верзии со бензински и дизел мотори на “Цитроен Берлинго” од компанијата оваа пролет ја пуштија и електрична модификација на популарното возило. Тоа користи електричен мотор со моќност 67 коњски сили и 200 Nm. максимален вртежен момент.

Батериите се литиум-јонски со капацитет 22.5 киловати и се наоѓаат пред задната оска, без да го ограничуваат багажниот обем кој варира помеѓу 675 и 3000 литри. Батериите обезбедуваат поминати 170 километри.

Од стандарден штекер електричното “Берлинго” може да се наполни помеѓу 12 и 15 часа, во зависност од инсталацијата. Автомобилот може да се нарача и со станица за брзо полнење, какако варијанта половина од капацитетот на батериите се полнат за 15 минути.

Електричниот “Цитроен Берлинго” доаѓа со 8 години гаранција, или 100 илјади поминати километри. Сервисните интервали се на 40 илјади километри.

Експлоатацијата на електричното “Берлинго” штеди доста средства, наспроти стандардниот модел, бидејќи нема промена на масло, ремени и течноста за ладење. Плочките и сопирачките дискови пак се абат значително помалку, поради користењето на електричниот мотор како сопирачка.

Автомобилот сериски е опремен со систем за претходно ладење или загревање на автомобилот, а температурата се регулира и си апликација за смартфон. “Берлинго” располага и со мултимедијален систем -о екран од 7 инчи, нудејќи интеграција на smartphone.

Електричната верзија на моделот ќе се прави во фабриката на “Цитроен” во Виго, а на пазарот ќе се појави во мај.