Електричните возила ќе чинат како бензинците и дизелите веќе од 2021-ва

од desk2
111 прегледи

Иако електричните автомобили во светот сочинуваат само мал дел од вкупната продажба на возила, растот на „EV“ секторот од година во година е се поимпресивен.

Најголемите компании вложуваат се повеќе пари во развојот на „EV“ технологијата од која се очекува постапено да го превземе приматот од возилата со погон на фосилни горива во наредната деценија.

„EV“ и „plug-in“ хибридите би требало до 2020-та да бидат купени од 4 милиони луѓе, што е двојно повеќе отколку во 2018-та, сметаат од престижната ревизорска куќа „Deloitte“.

Веќе во 2025-та вкупната продажба на возила со електромотор и најпојување на батеријата би требало да изнесува 12 милиони единици, a дури 21 милион на крајот на следната деценија.

Притоа, „EV“ возилата во тој момент би требало да достигна дури 70% од вкупниот пазар. Понатаму, економските експерти од „Deloitte“ веруваат дека „EV“ автомобилите веќе во 2021-ва ќе ја достигнат цената на бензинските и дизел автомобили.

Од оваа компанија им сугерираат на производителите да ја подобрат инфраструктурната мрежа со полначи и вложување на значителни средства во рекламирањето на „EV“ автомобили, со цел да ја забрзаат адаптацијата.

Слични содржини