Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптека низ државата

од Берта Китинска

Согласно новиот начин на електронско пропишување на лекови за хроночна терапија, пациентите можат да ги подигнат своите лекови во која било аптека на целата територија на државата, информираат од Здружението на приватни аптеки.

– Подигањето на терапијата пациентите можат да го извршат со приложување на документ за лична идентификација или здравствена книшка/картичка, се наведува во соопштението од Здружението на приватни аптеки.

Оттаму посочуваат дека електронски креираните рецепти се достапни во која било аптека на територијата на државата.

– Фондот за здравство го реализира овој проект во интерес на своите осигуреници и ние како аптеки го поздравуваме и даваме целосна поддршка на истиот, стои во соопштението.

Од Здружение на приватни аптеки напоменуваат дека по телефонскиот контакт на пациентите со својот матичен лекар, својата хронична терапија можат да ја подигнат во најблиската аптека на своето живеалиште, односно во аптека што сами ќе ја изберат врз основа на достапноста и снабденоста на аптеката како и стручноста на здравствените работници во истата.

Слични содржини