Премиерот и министрите денеска расправаа за затекнатата состојбата во АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во периодот од почетокот на оваа година, до 1 август, соопшти владината прес-служба.

Според анализа која била доставена до Владата, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, додека, пак, потрошувачката на јаглен и мазут, по произведен мегават електрична енергија, е во постојан пораст.
Според Владата, дека таквото нелогичност во работењето на ЕЛЕМ се должи на несоодветната ревитализација на соодветните капацитети за електрична енергија, како и на недомаќинското работење со склучување на скапи договори со надворешни компании од поранешното раководство.
Владата му препорача на новото раководство на ЕЛЕМ, да предложи излезни решенија за оваа ситуација во која се наоѓа компанијата, да ги стави во употреба сите капацитети за да го зголеми производството на електрична енергија за да се избегнат евентуални проблеми со недостигот на струја и за да се избегне фактот кој навестува најниско производство на електрична енергија во историјата на компанијата.
Владата побара да се изготви сеопфатна информација за јавноста да се информира во каква состојба е затекна компанијата на 1 август, кога е поставено новото раководство.