153
„Месец ипол ЕЛЕМ продава струја на пар трговци по цена двојно пониска од берзанска, за потоа истите тие трговци да ја препродат скапо со 60% маржа“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„ЕЛЕМ овозможиле скоро 1 милион евра профит на странски трговци, наместо таа струја сами да ја продадат по берзански цени или да ја дадат поефтино на стопанството кое мака мачи со скапата цена на струјата“, велат оттаму.
Додаваат дека народот плаќа и 50% поскапа струја, а од власта најавиле ново покачување од Нова Година.
А во истовреме фирмите плаќаат струја и до 800 евра за мегават час, истакнаа од Белата палата во својата реакција.