Соништата за кралски дворец стануваат реалност крај италијанското магично езеро Комо, каде модерната жена веднаш се трансформира во принцезата или кралицата која секогаш заслужувала да биде.
Античките вили кои висат од карпите преку големото блескаво езеро, додека бродовите го распаруваат, создаваат една фантастична атмосфера. Легендата вели дека во Villa Pliniana, еден величенствен имот крај брегот на Комо, ноќните чувари сè уште можат да ги видат Емилио и Ана, страствени љубовници кои избегале од дворецот во 1800 година и се замотале во бел креветски чаршав длабоко во ноќта.
Харперс Базар токму таму, во новоотворената вила, одлучува во духот на вистинската љубов и врвен луксуз, да ни ја прикажат la bella sposa (убавата невеста) во 16 венчаници од бајките со спектакуларен накит кој ја комплетира убавата модерна невеста.
А, како убавата невеста пред апаратот на Christian Oth застанува не кој било, туку Елена Реи. Моделот од Македонија која со својата нежна убавина, на само 20 години започнува сè посилно да го маѓепсува светот.