Бугарското малцинство е една болна тема во односите меѓу Софија и Белград. Досега не сум видела ниту еден бугарски политичар да постави остро прашањето. Ние сме во една добра, европска позиција, во која треба да кажеме: “Вашиот пат низ Европа поминува низ Бугарија”. Србите треба да го разберат тоа, порачува Ели Јурукова за анализата за БГНЕС.

Во моментов од западните покраини најмногу неразвиениот дел е од Србија. Но и ние во Бугарија исто носиме вина, бидејќи нашите медиуми не зборуваат за проблемите на бугарското малцинство. А тоа се нашите луѓе таму. Не е доволно само да им дадеме бугарско државјанство и тие да тргнат кон Европа и да заборават дека се Бугари. Ние треба да ги задржиме да останат на својата земја, зашто Западните Покраини ќе бидат поврзани со Бугарија само кога таму живеат Бугари, а не Бугари, кои тргнале со бугарските пасоши на Запад. Вучиќ не е победник Бескрајно сум изненадена од фактот дека Александар Вучиќ предизвика предвремени избори, бидејќи тие се неуспех за српскиот премиер. Тој не е победник, бидејќи изгуби многу места во парламентот. Неговата Српска напредна партија / СНС / освои најмногу гласови, но тоа е почеток на крајот на Вучиќ. Тој мислеше дека ќе победи со апсолутно мнозинство, но победи со една широка коалиција и сега ќе треба да подарува великодушно места на своите партнери. Значи на СНС му следува судбината како на сите балкански партии кои се самозабравија, а Вучиќ како и сите балкански лидери кои ја губат реалната слика за политичката атмосфера во својата држава, не го слушаат гласот на своите гласачи и не знаат каде дува ветрот.
Премиерот не е човекот на Москва Александар Вучиќ не е рускиот човек во Србија, рускиот политичар таму е претседателот Томислав Николиќ, кој игра на руската карта. Премиерот е ориентиран кон Европа и добро флертува со неа. Ова е неговиот голем адут. Србија ќе направи со Вучиќ голем чекор во Европа. Тоа е погодно за европските политичари. Вучиќ се согласува со сите нивни услови и прави болни чекори кон едно особено деликатно признавање на Косово
.
Како Белград ќе го признае Косово?
Многу од аналитичарите се прашуваат како Србија ќе го признае Косово? Кој е овој политичар кој ќе го потпише овој документ во кој Косово не е составен дел од Србија? Србија ќе се приближи по 4-5 или 8 години кон Европа. Во тоа време таа треба да го промени својот Устав, да промени неколку члена во неа, каде е запишано дека Косово е интегрален дел од Србија. Кога тоа нешто ќе исчезне, процесот на признавање на Косово ќе стане многу лесен. Вучиќ веќе не е спасител во очите на Србите
Економската ситуација во Србија станува драматична, за разлика од политичката, која за сега останува мирна. Вучиќ успеа да се справи засега со бегалскиот поток. Тој има и позитивни потези, направи болни промени кои можат да бидат оправдани. Обичниот Србин е навикнат со политичари кои го пренесуваат кои многу ветуваат, но ништо не прават. Во почетокот тој гледаше во лицето на Вучиќ Спаситело а денес – последниот политичар кој полека ја турка Србија, од една страна, кон Европа, за која толку многу се зборува, а од друга, кон едни болни реформи кои тој нема да може да ги издржи.
Што иднина ја очекува Србија и Вучиќ?
Во блиска иднина очекувам Вучиќ да почне политичката трговија за составување на нова влада. Тој најверојатно ќе ги смени своите коалициски партнери – Српската социјалистичка партија ќе отпадне. Вучиќ чул дека е подобро да се земе повеќе демократски партии во коалицијата, кои ќе го подобрат неговиот имиџ. Тоа природно нема да му помогне. Најдоцна по 2 години во Србија ќе има предвремени избори. Во земјата може да се очекуваат демонстрации, економско незадоволство и партијата на Вучиќ на следните избори ќе добие многу помалку гласови. Тој сметаше дека овие избори се некој посебен испит за неговата Српска напредна партија, но всушност тоа е почеток на крајот на лидерот Александар Вучиќ
——————
Ели Јуруков, новинар, политички аналитичар и еден од најдобрите познавачи на Балканот. Анализата е направена специјално за Агенција БГНЕС.