Елмас ги помина тестовите и облече дрес на Наполи (ВИДЕО)

од Vlatko K
265 прегледи

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас околку четири часа помина со лекарскиот тим на
Нап

оли и попладнево ги заврши задолжителните прегледи пред да потпише договор со тимот од
Неапол.

Тој се прошета во дресот на Наполи и се очекува во следните часови и официјално да биде
промовиран како нов играч на „наполитанците“.

За Елмас, Наполи ќе биде трет клуб во кариерата, откако претходно ги бранеше боите на
Фенербахче и Работнички. Трансферот ќе бидево вредност од околу 15 милиони евра, а Елиф ќе
заработува околу 1,3 милиони евра годишно.