Елмас: Секој во тимот посакува бате Горан да не се пензионира

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Секој во тимот посакува бате Горан да остане со нас и да не се пензионира. Не чекаат квалификации за Светско, многу важни натпревари и посакуваме тој да биде со нас. Не сакам да се повлече, но ако испадне ова да биде последен меч за него, сакам да го испратиме на најдобар начин, со победа. Сепак, јас имам надеж дека овој следен натпревар со Холандија нема да биде последен за него со овој тим, изјави репрезентативецот Елиф Елмас.

Изјави дека тимот е подготвен за последниот предизвик, без разлика дали Холандија ќе излезе со друг состав.

-Сакаме да ја израдуваме цела македонска нација со една победа на ова Европско првенство. Се надеваме дека ова нема да биде наше последно учество на ваков турнир. Одигравме два солидни натпревари во Букурешт, но неискуството на вакво ниво ни направи проблеми, изјави Елмас.

Слични содржини