Елон Маск го нарече Зеленски „касап“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот бизнисмен Елон Маск изјави дека украинскиот лидер Володимир Зеленски се претворил во „касап“ кој живее во искривена реалност.

На аудио конференција на социјалната мрежа Х, која се шири на интернет, најбогатиот човек на светот изјавил дека претседателот на Украина веќе подолго време живее во својата „реалност на касап“, која не се поклопува со она што навистина се случува во реалниот живот.

Маск, од друга страна, тврди дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, е тој што ги цени животите на својот народ и трезвено гледа на она што навистина се случува.

Претходно медиумите шпекулираа дека неуспехот на украинската контраофанзива предизвикал несогласувања меѓу претседателот на земјата, Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни. Како што напиша украинскиот портал „Страна.уа“, Залужни би можел да му стане сериозен конкурент на Зеленски во борбата за власт, пренесува „Спутник“.

Слични содржини