Елон Маск му понудил разговор за работа на еден анонимен корисник на Редит под прекарот “GreenTheOnly” откако наишол на опширна и детална техничка анализа на “Tesla Hardware 3” кој анонимниот корисник ја објавил на платформата.

Откако ја прочитал објавата на “GreenTheOnly”, Маск ја споделил на Твитер и напишал: “Редит е “хардкор”. Воглавно точна анализа” по што додал: “Кој и да го направил ова, треба да дојде на интервју во Тесла”.
https://twitter.com/dasbub/status/1120540160591126528
Имено, јавно се огласил и “GreenTheOnly” кој го прашал Маск за полисата за “работење од дома” и “дали завршиле со отпуштањата засега”.
Reddit is hardcore. Mostly correct analysis. Comments so dark …
— Elon Musk (@elonmusk) April 23, 2019
“Наводно во Тесла не дозволуваат работа од други места, а Калифорнија (или било кое друго место) не е место на кое би сакал да се преселам”, објаснил тој.
What's the "work from home" policy? Are the layoffs done with for now?
— green (@greentheonly) April 23, 2019
Пред да се огласи под твитот на Илон Маск, “GreenTheOnly” на друга објава за истата понуда открил дека сепак не е заинтересиран.
“Да, видов, ви благодарам. Во минатото веќе еднаш ме контактираа од Тесла. Исто така, мразам да бидам отпуштен и не би сакал да се селам, а слушнав дека Тесла има строга политика дека мора да се преселиш на места каде тие имаат канцеларии. Не можеш ни да замислиш колку би ме чинела преселбата во Калифорнија”, додал корисникот на Редит.
Останатите корисници на Твитер и понатаму пробувале да го наговорат да побара да работи од дома за компанијата.
“Не сум толку добар за да добијам сè што ќе посакам. Да им бев навистина потребен, ќе ме контактираа по некои постандардни канали бидејќи знаат кој сум јас”, напишал “GreenTheOnly”.