Елон Маск сподели фотографија од прототипот на вселенскиот брод Starship – првата мисија може да биде во април!

од desk2
73 прегледи

Елон Маск ни дозволи да ѕирнеме како се одвива развојот на протипот на неговиот вселенски брод Starship. Шефот на SpaceX сподели фотографија на Twitter и ги покажа првите два дела од она што наскоро ќе биде „тест скокач“ и откри дека оваа пролет може да биде готов за тест-летови.

Starship, претходно познат како Big Falcon Rocket илиe Big F***ing Rocket, е основа за плановите на Маск да испрати луѓе на Марс. Маск ја сподели фотографијата пред неколку дена, а во серија нови твитови објасни кои се неговите планови за тест-возилото. Најави и дека ќе направи целосна техничка презентација откако ќе успее да полета, а тоа најверојатно ќе биде во март или април 2019 година.

Минатиот месец Маск изјави дека веројатно ќе биде меѓу првите интерпланетарни патници до Марс, и покрај тоа што шансите дека ќе умре таму се големи. Билетите за вселенскиот брод на Маск ќе чинат околу 200.000 долари по човек. Планирано е првиот лет до Марс без екипаж да се оствари во 2022 година, а во 2024 година да се испрати и екипаж. Приватна мисија со еден патник со истиот брод е планирана за 2023 година.