Ема Бантон се омажи по 20 годишна врска

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Еми Бантон (43) и нејзиниот свршеник Џејд Џонс (40) конечно решиле да се венчаат.

Двојката е заедно 20 години и неодамна доби дозвола за свадба, што значи дека следната година ќе застанат пред олтарот. Двојката најверојатно ќе се венча во Лондон, во познатата сала Marylebone Town Hall во која свадба организираа сер Пол Макартни и Лиам Галагер, пишува Mirror.

Ема и Џејд се верија во јануари 2011 година по 12-годишна врска. Тие имаат два сина – Бу (11) и Тејт (7). Неодамна пејачката призна дека таа и нејзиниот сакан размислуваат дали да направат уште едно дете.