Актерката Ема Стоун пред неколку дена беше фатена од папараци како носи убав дијамантски прстен на левата рака.
Во средата добитничката на “Оскар” излегла од голем хипермаркет во Лос Анџелес, заедно со своето момче Дејв Маккери кога очевидци исто така забележале Ема да носи дијамантски украс на раката.
30-годишната холивудска ѕвезда излегува со 33-годишниот Дејв, кој е режисер на ТВ ток-шоу “SNL” (Сатрдеј Најт Лајв), околу година и половина.
За првпат се појавија гласини дека Ема фатила нов дечко по нејзиното разделување со британскиот актер Ендру Гарфилд во летото 2017 година.
Според Стоун, таа се запознала со Дејв во декември 2016 година, кога била поканета да го предводи шоуто како домаќин.
За прв пат, Ема се појави официјално во МекКир на почетокот на годината, на наградите Screen Actors.
