Ема Вотсон не сака да се фотографира со фановите

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 

Фановите на серијалот филмови „Хари Потер“ кои се доволно среќни да ја сретнат Ема Вотсон, секогаш остануваат разочарани од сознанието дека актерката не сака да се фотографира со нив.

– За мене, тоа е разликата помеѓу имањето и немањето (приватен) живот. Кога некој се фотографира со мене и ја поставува фотографијата на социјалните мрежи, за две секунди ме лоцираат и знаат што носам или со кого сум, истакнува Вотсон, додавајќи оти не сака да открива премногу од својот живот.

Вотсом нагласи дека повеќе претпочита да поразговара со некого, отколку да се фотографира.

Актерлата е актуелна со најновата филмска адаптација на „Убавицата и ѕверот“.