Британската актерка Ема Вотсон одговори на нападите на фановите кои ја прекоруваат за разголената фотографија за списанието Vanity Fair.

Актерката беше обвинета за лицемерие, бидејќи таа жестоко ги штити правата на жените и се прогласува за феминистка, по што се снима во слична фотосесија, пишува The Independent.

“Феминизмот – тоа е право на жената да избира. Тоа не е стап, со кој можеме да маваме по другите жени “, изјави Вотсон.

Актерката истакна дека критиките за фотосесијата ја збуниле: “Не разбирам каква врска имаат моите гради кон темата”, истакна таа.

Вотсон се појави на насловната на мартовскиот број на Vanity Fair, а корисниците на Twitter јго ставија под критика нејзиниот изглед.

Радио водителката Џулија Пејпер Бруер пример објасни дека Вотсон е лицемерка. “Феминизам, феминизам, а еве ги и моите гради”, рече таа, истакнувајќи дека актерката се изјаснува против сексизмот кон жените, но самата таа зема учество во еротска фотосесија.

26-годишната Вотсон стана позната од улогата на Хермиона во серијалот за Хари Потер. На 17 март излегува филмот на Дизни со нејзино учество “Убавицата и ѕверот”, во кој таа ја толкува главната улога.

Фото: Instagram