Центарот на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембиид истакнува дека не му било лесно да донесе одлука да игра за САД, а во интервју за „Њујорк Тајмс“ зборува и за тимот на САД, Твитер и дека мисли дека можел да биде најдобриот кошаркар на сите времиња или барем еден од најдобрите.
„Тоа беше тешка одлука. Јасно е дека можев да играм за Камерун, за мојата татковина, потоа за Франција, каде имам многу роднини, како и за САД, каде што сум 14 години. Чувствував дека ме избрзуваат со одлука и не сакав да „пресечам“ само така. Не ми се допаѓа односот на Франција кон африканските земји. Исто така, не помогна тоа што Французите ми дадоа ултиматум, ми дадоа рок да одлучам. Слушнав за тоа преку социјалните мрежи и се зачудив: „Леле, од каде ова?!“, вели Ембиид за „Њујорк Тајмс“ и додава:
„Потоа разговарав со луѓе од Американската федерација. Ми рекоа да одвојам онолку време колку што ми треба. „Би сакале да ве имаме, но нема да биде проблем ако донесете поинаква одлука“, велат тие. Едно отсекогаш било јасно: ако Камерун се квалификува за ОИ, јас ќе играм за Камерун. Бидејќи тоа не се случи, ја избрав Америка. Многу е полесно и поубаво кога никој не те притиска“.
Ембид очигледно не зел предвид дека можел да му помогне на Камерун да се квалификува на Олимпијадата, а се осврна и на тимот на САД што многумина го споредуваат со тимот од соништата од 1992 година. Сепак, центарот на Сиксерс не ги гледа работите баш така.
„Дефинитивно имаме извонреден талент, но подеднаков талент има и во другите тимови. Треба да разберете и дека повеќето момци од нашиот тим стареат. Леброн денес не е ист како Леброн пред неколку години. Има огромна разлика. И самите гледате дека не е атлетски доминантен како порано. Имињата на хартија може да измамат. Тоа се сите луѓе кои направиле многу во своите кариери, но сега се стари, и не се она што беа“.
Ембид зборуваше и зошто престанал да „трола“ на Твитер.
„Раѓањето на мојот син во 2020 година промени сè. Пред тоа не бев сериозна личност, само се шегував, правев што било, глумев лудило. Тоа беа златни денови на мојот Твитер. Тогаш сфатив дека морам да бидам подобар пример, животот не може да ми биде „тролање“ на Твитер. Мојот фокус на кошарката се промени – не е дека претходно не ја сфаќав сериозно, но потоа ја подигнав на уште повисоко ниво“.
Џоел вели дека не му е грижа што коментираат луѓето на неговата изјава дека можел да биде еден од најголемите бидејќи тоа е вистината.
„Мислам дека би бил во борба (за GOAT) доколку повредите не ме сопреа сите овие години. Секој плејоф, лигашки дел од сезоната, луѓето ми паѓаат на колена или ми го кршат лицето. Секогаш некои чудни повреди и во погрешно време. Да бев здрав во текот на мојата кариера, ќе беше друга приказна. Мислам дека имав талент да влезам во најголемата дискусија на сите времиња. Секако, тоа бара освојување на првенства, а за првенства ви требаат добри соиграчи. Потребна е помош“.
На крајот од интервјуто, Ембид рече дека води многу дисциплиниран живот.
„Нема искушение, не пијам, не пушам, никогаш во животот. Тоа ми е одвратно, не го поднесувам мирисот, не знам како луѓето низ светот го поднесуваат. Веројатно тоа е поради тоа како сум воспитан“.