180
По личниот рекорд во плејофот од 50 поени, Џоел Ембиид на прес-конференција објави дека се бори со Белова парализа. Тоа е болест на мускулите на лицето.
„Мојата лева страна од лицето, устата и окото. Тешко е, но не се откажувам. Ќе се борам и покрај се“, изјави Ембид.
Камерунецот изјави дека проблемите настанале во периодот на плеј-ин турнирот.
Причината за Белова парализа не е целосно позната, но се верува дека е предизвикана од вирусна инфекција која предизвикува отекување на фацијалниот нерв.
Може да се појави на која било возраст, но најчесто се јавува околу 40-тата година, и кај мажите и кај жените. Секоја година, 15 до 30 од 100.000 луѓе заболуваат од Белова парализа.