Емери: Парите на ПСЖ и Манчестер Сити се позитивни за фудбалот

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери верува дека светот на фудбалот треба да е благодарен што новобогаташите ПСЖ и Манчестер Сити ја промениле играта и се закануваат да ја нарушат доминацијата на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Милионите дадени за играчи во последниве години од страна на „граѓаните“ и ПСЖ натераа многумина да се згрозат од фрлањето на пари.

Само минатото лето ПСЖ се справи со конкуренцијата на Барса и Реал за потписот на францускиот талент Килијан Мбапе кој ова лето ќе стане вториот најскап фудбалер во светот, кога ќе биде финализиран трансферот. Ќе му бидат дадени 180 милиони евра откако клубот веќе даде 222 милиони евра за Нејмар.

„Реал и Барселона го сакаа Килијан, но ПСЖ ги имаше мускули за да го задржи во француски клуб. Мислам дека трансферот беше поради фудбалски причини, а не финансиски. Ова е нешто ново во оваа нова европска хиерархија“, изјави Емери за „Марка“.

„Традиционалните клубови гледаат дека нивното кралство е загрозено од ПСЖ и Манчестер Сити. Мислам дека ова е добра работа за фудбалот – постоењето на овие нови клубови. Секој треба да биде благодарен“, додаде менторот.

ПСЖ има предност од 11 поени на врвот на француското првенство, откако го очекува Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите. Емери упати благодарност до сопственикот Насер Ал-Келаифи за тоа дека клубот го следел примерот на шпанските гиганти и привлекувал некои од најдобрите играчи во светот.

„Се сеќавам како Реал ги привлече Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Хамес Родригез. Барса, исто така, ја плати клаузулата за Ривалдо. Сега ги гледаме овие финансиски можности во Франција. Мислам дека тоа е добро за земјата, која треба да биде благодарна за инвестирањето од Катар“, рече Емери.

Слични содржини