Емина Јаховиќ ЖИВЕЕ ВО СТРАВ: Беше во Милано, сега се плаши од коронавирус

од Elena Daskalova

Стравот од коронавирусот и понатаму расте, откако во Италија се регистрирани над 220 случаи на заболени. Најголем е бројот во Ломбардија, каде Милано е административен центар.

Една од популарните личности кои биле на модната недела е и Емина Јаховиќ, која неодамна се вратила од Милано и сега живее во постојана паника.

„Гледам на вести како се шири вирусот. Загрижена сум, пред седум дена си дојдов од Милано. Таму ми беше срам да носам маска, но сега постојано мораме да ги носиме, но и мислам дека мора да миеме раце што почесто и да се штитиме. Како што сами гледате, ситуацијата е навистина лоша“, изјавила Емина преку Инстаграм.

Слични содржини