Еминем собра два милиони евра за жртвите во Манчестер

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 

Раперот Еминем пред неколку дена ги повика своите фанови да им помогнат на засегнатите од терористичкиот напад во Манчестер што се случи вечерта на 22 мај, по концертот на Аријана Гранде.

– Придружете ми се, за да им помогнеме на жртвите во манчестерскиот напад и нивните семејства, напиша раперот на својот твитер налог, објавувајќи и линк од „Манчестер Ивнинг Њуз”.

Благодарение на тоа, беа собрани над два милиона евра, пренесуваат британските медиуми.