Емитување на концертот на отворено „Ну Погоди“ на Македонската филхармонија

од Vladimir Zorba

Минатогодишниот концерт на отворено „Ну Погоди“ на кој оркестарот на Македонската филхармонија ги свиреше познатите теми од култните цртани филмови вечерва во 23 часот ќе биде емитуван на Канал 5 телевизија, соопшти попладнево Град Скопје.

Станува збор за теми од цртаните филмови од земјите од Источниот блок кои го одбележаа детството на генерациите од 70-те и 80-те години.

Во аранжман на Владимир Николов и под дирегентската палка на Џијан Емин, на концертот беа свирени теми од цртаните Балтазар, Мечето Ушко, Козле Бозле, Ну Погоди и многу други.

Концертот беше одржан на 23 јуни лани во Градскиот парк, во реализирација на МКЦ – Скопје и со поддршка на Град Скопје во рамки на серијалот „Филхармонија на отворено“.

Слични содржини