ЕМОТИВНИ СЦЕНИ на стадионот синоќа: Белгијците скандираа „Шведска“

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Напаѓач уби двајца Швеѓани во Брисел пред натпреварот на пет километри од стадионот „Крал Бодуен“, но играта сепак започна. Пред почетокот на натпреварот, шведските фудбалери не знаеја што се случило. Кога дознале за трагедијата во соблекувалната, одбиле да го доиграат натпреварот.

Натпреварот официјално беше прекинат, а навивачите од безбедносни причини беа задржани речиси три часа на стадионот, а белгиските навивачи со овации ги поддржаа Швеѓаните и го скандираа името на нивната земја.

Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел е убиен утрово при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми.

Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, било потврдено за nieuwsblad.be.

Слични содржини