ЕМОТИВНО ВИДЕО: Две бебиња спасени од урнатините

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Едногодишно бебе беше извлечено од урнатините 53 часа по земјотресот што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција.

Членовите на спасувачките тимови успеале да го извлечат бебето од под урнатините на петкатна зграда во градот Шанлиурфа.

Бебето преживеало со полесни повреди и било пренесено во болница. Шанлиурфа е еден од десетте турски градови кои беа тешко погодени од два силни земјотреса.

Исто така, утрово по спасувачката акција во Елбистан, која траеше околу два часа, спасувачите од урнатините го извлекоа двомесечното бебе Мухамед, кое потоа беше пренесено на преглед во болница. Насобраните со голем ентузијазам го прославија спасувањето на бебето.

Од под урнатините на зградата била извлечена и мајката на бебето.

Слични содржини