Вчера, Ен Хатавеј сподели одлични вести со нејзините обожаватели. Актерката објави фотографија на Инстаграм, на која го открива својот заоблен стомак и може да се пофали дека очекува второ дете. Таа и нејзиниот сопруг, Адам Шулман, станаа родители за прв пат во 2016 година на момче.
Покрај прекрасните вести, Хатавеј изрази поддршка и за жените кои имаат проблеми со зачнувањето. “За сите оние кои страдаат од неплодност и минуваат низ пеколот на зачнувањето, знајте дека не беше лесно со мојата бременост. Ви испраќам многу љубов “, напишала актерката на сликата.
Засега ниту полот на бебето не е познат, ниту кога треба да се појави во светот. Хатавеј многу енергично го задржува својот личен живот во тајност и ретко го покажува своето семејство на папараците. Таа неодамна изјави дека се обидува да стори сé што е најдобро за да направи нејзиниот син да се чувствува удобно и безбедно.
https://www.instagram.com/p/B0T0qLHFWbR/?utm_source=ig_embed
Самата Хатавеј признава дека добила лична лекција од Кејт Мидлтон за тоа како да разговара со своето дете. “Таа клекнува и гледа директно во неговите очи. Тие се секогаш на исто ниво. Бев многу импресионирана и почнав да го правам тоа со моето дете. ”
Актерката вели дека мајчинството е најдобрата улога што ја добила и дека нема да ја замени со ништо на светот.