Енчев: Унгарија не може да ја убеди Македонија да ги спроведе уставните измени, но може „да престане да го храни македонизмот“

-Моментално Унгарија е поблиска до Македонија бидејќи е повеќе политички активна од Бугарија, вели бугарскиот дипломат Енчев

од Nikola Popovski
158 прегледи Фото: ФБ профил на Велизар Енчев

„Несомнено е Унгарија. Но, не затоа што е историски поблиску, туку затоа што е политички поактивна. Будимпешта има економски и медиумски интереси во Скопје, додека Софија има историски, културни и морални основи, кои, сепак, ретко ги претвора во дипломатски спор“, вели бугарскиот дипломат и поранешен амбасадор, Велизар Енчев, запрашан кој денеска има поблиски врски со Македоноја – Унгарија или Бугарија.

Според него, ЕУ ќе инсистира на почеток на преговори со Македонија, како што вели, без оглед на реалниот напредок, бидејќи проширувањето е геополитичка, а не морална одлука.

-Но, тука Радев ја претвора историската меморија во дипломатска алатка. Тој ѝ кажува на Европа дека „… не можете да градите иднина со негирање на корените“. Ако Брисел затвори очи пред македонизмот, ќе прифати во своите редови земја која негира дел од сопствената европска историја, обвинува Енчев во интервју за бугарски „Факти“.

Бугарскиот дипломат смета дека Унгарија не може да ја убеди Македонија да ги спроведе уставните измени, но, може да направи нешто друго, како што вели, да престане да го храни македонизмот. Енчев притоа ги навредува и дел од медиумите во земјава.

-Парадоксот е што дел од медиумите, кои секојдневно ја фалсификуваат бугарската историја, се во унгарска сопственост. Ако Будимпешта навистина ја почитува нашата заедничка историска вистина, нека го покаже тоа во својата културна политика. Европската солидарност не е само енергетска, туку е и духовна, истакнал Енчев.

Слични содржини