Енергоатом: Централата во Запорожје нема струја поради руски напад на далноводот

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи Sputnik / Profimedia

Украинската државна компанија за производство на нуклеарна енергија „Енергоатом“ денеска соопшти дека нуклеарната централа во Запорожје е исклучена од електричната мрежа поради руско гранатирање на надворешен далновод.

„Енергоатом“ на Телеграм објави дека далноводот во Дњепропетровск кој ја снабдува електричната енергија на нуклеарната централа во Запорожје, која сега е под контрола на Москва, ја запрел испораката откако бил погоден од руско гранатирање во текот на ноќта.

Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување преку линијата од територијата на Украина и префрлена на дизел генератори, соопштено е на Телеграм каналот на нуклеарната централа.