ЕП 2024: Швајцарија ја детронира Италија

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Репрезентацијата на Швајцарија е првиот четвртфиналист на ЕП во Германија!

„Крстоносците“ сосема заслужено го симнаа од тронот бранителот на титулата Италија, откако победија со 2-0 во првиот натпревар од осминафиналето на ЕП 2024 на берлинскиот Олимписки стадион.

Головите ги постигнаа Ремо Фројлер (37′) и Рубен Варгас (46′), кој исто така асистираше за првиот гол.

Така, во следното коло Швајцарците го чекаат победникот од мечот меѓу Англија и Словачка.

Слични содржини