Европратеник од ФИДЕС го определи разгледувањето на прашањето од страна на Европскиот парламент (ЕП) за унгарското влијание во македонски и словенски медиуми како „клеветничка кампања“. Дебатата беше предизвикана од извештај на словенски истражувачки сајт за наводна разузнавачка операција со учество на унгарски лидери и словенски банки и други клучни фигури, пишува „Hungary Today“.
Според извештајот, меѓународната операција била насочена кон собирање на разузнавачки информации и поддршка за медиумски платформи, поврзани со опозициската ВМРО-ДПМНЕ во РСМ. Наводната цел на операцијата е рушење на власта на премиерот Зоран Заев на изборите во април и поништување на Преспанскиот договор, според кој Македонија го промени своето име.
Во извештајот се вели дека во операцијата се вклучени унгарски медиуми, поврзани со владејачката словенска партија СДС, финансирани од компании, поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
За време на дебатата, европратеникот од ФИДЕС, Балаш Хидвеги рече дека согласно принципот на слободно движење на капитал, европскиот бизнис има право да инвестира, каде ќе посака единствениот пазар на блокот, каде Словенија и Унгарија се членови.
Тој исто така настојува дека Шведска може да биде критикувана за влијанието врз словенската медиумска сцена, откако одбележува, дека најголемиот бизнис весник во земјата, „Finance“, е сопственост на шведската медиумска компанија Bonnier Business Press.
Хидеги ги повика левите партии во Унгарија исто да протестираат против учеството на САД и Германија во унгарската медиумска сцена.
Пратеник од опозициската Демократска коалиција, Чаба Молнар изјави дека Орбан „не е загрижен што троши пари на унгарските граѓани за да се здобие со влијание во други европски земји“.
Тој го обвини Орбан за „обид да се меша во националниот суверенитет во други земји“.