Фудбалерите на Финска ја совладаа Данска со 1:0 (0: 0) во мечот од првото коло во групата Б на Европското првенство.
Фудбалот беше во втор план во саботата. Натпреварот беше обележан со непријатни и застрашувачки сцени, но најважно е дека Кристијан Ериксен го доби најважниот меч во својот живот.
Похјанпало го постигна првиот гол во историјата на Финска на Европските шампионати и погоди со глава во 60-та минута за водство на Финците.
Данска имаше шанса за израмнување во 74. минута, кога Арајури го собори Поулсен во казнениот простор, а Ентони Тејлор покажа на белата точка. Хојбјерг многу слабо го шутираше пеналот, а Храдецки го одбрани.
На крајот, чуварот на мрежата се покажа како херој на Финска – ја зачува својата мрежа до крајот, и така „сино-белите“ забележаа историска победа на своето деби на Европското првенство.