Според информациите на министерството за здравство вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 209 лица и има околу 480 празни болнички кревети.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во Скопје се лекуаат 75 пациенти, а во изминатите 24 часа биле примени четири нови пациенти. Најголемиот број од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците во Кавадарци и во Гевгелија веќе нема пациенти болни од ковид-19.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ во Скопје имало еден прием.
Во ковид – центарот во ГОБ “8 Септември“ се примени двајца пациенти, а еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.
Во ковид – центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 14 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 134 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, во болницата во Штип 16 пациенти, на инфективното одделение во Тетово четири пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид центарот во Гостивар три, а во Струга девет болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево четири, во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.