Денеска Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за епидемиолошката состојба во земјава.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се бележи зголемување на новодијагностицирани со Ковид-19 почнувајќи во периодот од пред две недели.
– Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот долг временски период, истакна Филипче.
Според него, нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.