Бројот на заболени со ковид 19 бележи пад. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да остане во сила уште најмалку две недели.
Денеска предлогот треба да се најде и на Владина седница која го има последниот збор. Граѓаните ќе биде ограничено од полноќ до 4 наутро а угостителските објекти ќе примаат гости како и досега до 23.30 часот.
Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.