Денеска или до крајот на неделата за ова ќе расправа Комисијата за заразни болести на чиј состанок на дневен ред ќе биде и евентуален карантин за доаѓање од ризични земји.
-Ќе разговараме за тоа дали треба да се препорача нешто околу критериумите за влез на границите иако гледаме дека во многу земји во регионот покрај тоа што имаат рестриктивни мерки, како на пример Грција, има зголемување на случаите. После ова може ќе се јави некој нова мутација па трета но ние мора да живеем. Еве Британија целосно ги разлабабвува мерките, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Министерот Филипче уверува дека епидемолошката состојба е стабилна, нема голем број на прегледи во амбулантите ниту хоспитализирани во болниците.
Вчера беа потврдени уште два нови случаи со делта сој од Тетово. Сите случаи на делта сојот во земјата се увезени а лицата не примиле ниту една доза на вакцина.