
На Интернет се води војна со петиции поради границите на Косово меѓу потписниците од српската и албанската страна, бидејќи американската компанија „Епл“ го покажа Косово во рамките на границите на Србија на својата апликација „Епл мапи“.
Наскоро се појави петици на платформата Change.org за ограничување на Косово како независна држава, со наслов „Ставете го Косово на „Епл мапи“.
Петицијата доби околу 11.000 потписи во петокот кога беше објавена на Интернет.
После тоа, на Фејсбук се појави петиција да се задржи Косово на мапите како дел од Србија.
„Ве молиме, задржете го овој начин на прикажување на Косово на „Епл мапи“. Во моментов, корисниците можат да го видат Косово како дел од Република Србија. Според Уставот на Република Србија, Косово е провинција во Србија“, се пишува меѓу другото и во контра-петицијата.