
Европскиот конзорциум „Ербас“ го претстави првиот во светот модел на мини-авион, отпечатен на 3D-печатач, информира South China Morning Post. Моделот на авионот се нарекува Тор и е направен од полиамид, тежи 21 килограм и е долг четири метри.
„Ние сакаме да дознаеме дали ќе можеме да го забрзаме процесот на развој со помош на 3D-печатач не само на одделни делови, туку на целиот систем“, вели креаторот на Тор Детлев Конигорски.

Ербас ја покажа иновацијата на меѓународната изложба за воздухопловство во Германија.
Еве ги фотографиите на Тор.

