Ердоган бара од папата да го спречи масакрот врз Палестинците

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во разговор со папата Франциско за конфликтот во Газа, ја искористи можноста и го замоли да ги поддржи санкциите против Израел и да спречи масакр врз Палестинците. Ердоган рече дека „израелскиот окупатор, кој го блокира пристапот до џамијата Ал-Акса и црквата на Светиот Гроб (во источен Ерусалим), убива невини цивили на палестинска земја“.

Во тој телефонски разговор, Ердоган јасно стави до знаење дека Тел Авив е виновен за конфликтот, кој влегува во втора недела без да стивне.

„Целото човештво треба да се обедини против Израел, кој треба да биде казнет за дивјаштво. Палестинците ќе продолжат да бидат масакрирани се додека меѓународната заедница не го казни Израел“, рече Ердоган.

Тој, исто така, му се заблагодари на папата за повикот да се стави крај на конфликтот, велејќи дека тоа е од големо значење за мобилизацијата на христијанскиот свет и меѓународната заедница.

Патем, Папата беше сосема јасен кога станува збор за сегашниот конфликт во кој беа убиени 200 Палестинци, од кои најмалку 58 деца.

Во неделата, тој ги опиша страдањата како ужасен и неприфатлив чин, предупредувајќи дека непријателствата многу лесно можат да излезат од контрола.

„Насилните вооружени конфликти меѓу појасот Газа и Израел ги зафатија овие денови и тие се обидуваат да прераснат во спирала на смрт и уништување“, рече тогаш папата Франциско.

Ердоган, од друга страна, веќе неколку дена води разговори со странски лидери во обид да ја запре големата израелска офанзива во појасот Газа.

Како што објави турското претседателство, Ердоган изјавил дека „израелскиот окупатор, кој го блокира пристапот до џамијата Ал-Акса и црквата на Светиот Гроб (во Источен Ерусалим), убива невини цивили на палестинска земја“.

Папата Франциско разговарал и со ирански официјални лица, кои се на страната на Палестинците. Тој одржал приватна средба со министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф, кој во моментов е во Италија.

Слични содржини