Ердоган бара траен прекин на огнот во Газа, а не паузи од неколку часа

од Nikola Popovski
234 прегледи

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека треба да се свика меѓународна мировна конференција за да се најде трајно решение за израелско-палестинскиот конфликт.

„Она што ни треба во Газа не се паузи од неколку часа, туку ни треба траен прекин на огнот“, кажал Ердоган во говорот на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во Ријад.

Турскиот претседател изјавил дека е неопходно да се формира фонд за обнова на појасот Газа во рамките на Организацијата за исламска соработка (OIC).

„Сметаме дека во рамките на OIC треба да се формира фонд за обнова на Газа. Како Турција, сакаме да кажеме дека сме подготвени да ја дадеме сета поддршка“, соопштил Ердоган.