Ердоган даде наредба да се започне со работа на „гасниот центар“ во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ѝ нареди на владата во Анкара да започне со работа во врска со изградбата на „гасниот центар“ во Турција, објавија денеска турските медиуми.

Изградбата треба да започне по предлог на рускиот претседател Владимир Путин, за извоз на руски гас во Европа.

„Заедно со господинот Путин дадовме наредба на нашето министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да извршат заедничка работа“, изјави Ердоган на новинарите на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.

За време на средбата со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен центар во Турција за испорака на руски гас во Европа.

Тој рече дека рутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гас до Европската унија во време кога руските испораки во ЕУ се погодени од санкции.

Слични содржини