Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена.
Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации за постигнувањето договор, пренесува ТАСС.
„Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна“, рече Ердоган.