Ердоган: Формирање на палестинска држава за трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека формирањето на суверена палестинска држава е неопходно за трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт, соопшти Претседателството на Турција.

Ердоган и Шолц, исто така, размениле мислења за начините за ставање крај на борбите и хуманитарната криза.

Се додава дека Ердоган ја обновил својата понуда да посредува во конфликтот, објави Ројтерс.

Денес, Шолц му понуди на Израел воена помош и вети дека ќе ја потисне поддршката за Хамас во Германија, по нападот на палестинската милитантна група врз Израел.

– Во моментов има само едно место за Германија – на страната на Израел. Нашата историја, нашата одговорност што произлегува од холокаустот, нè принудува да се залагаме за безбедноста на државата Израел – рече Шолц, пренесе Тајмс оф Израел.

Слични содржини