Ердоган го изгуби и Истанбул?

од desk2
194 прегледи

 

Во Турција во неделата се одржаа локални избори, а според прелиминарните резултати, партијата АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган изгуби во поголемите градови.

Како што е објавено, опозициската ЦХП со повеќе гласови ја освои престолнината Анкара. Повеќе гласови има и во Анталија и во измир, а според податоците кои ги објави „Хуриет“, неизвесна е борбата во Истанбил, но ЦХП води за нијанса.

Во Анката владејачката партија освои 47,10 отсто од гласовите, додека ЦХП 50,91 отсто.

Во Истанбул е многу неизвесно, но со малку гласови сепак превагна опозицијата, ЦХП има 48,79 отсто, а АКП 48,51 отсто.

Според неофицијалните резултати кои ги објавија турските државни медиуми, кандидатот на опозициската партија, Менсур Јавас е новиот градоначалник на Анкара.